Top Sport

Доби на лото, па бара нејзиниот омразен фудбалер да се пензионира

Џејн Парк, 22-годишната Британка која е најмлада добитничка на Евро-милионс лотаријата, толку се изнервира со еден играч на нејзиниот омилен тим минатиот викенд, што му понуди пари за да се пензионира

Парк е огромен навивач на шкотскиот Хибернијан, и го загуби трпението од Стивен Витејкер при ремито со Селтик.

„Колку е потребно Витејкер да се пензионира? Може јас да платам?“, гласеше пораката на Парк до официјалниот Твитер-профил на Хибернијан.

33-годишниот Витејкер по вторпат игра на „Истер роуд“, откако помина низ младинските школи на Хибернијан, пред да направи трансфер во Ренџерс и во Норич сити, за да се врати на почетокот на оваа сезона. Тој има 31 настап за шкотската репрезентација.

Scroll to Top