Top Sport

Дортмунд до реми без суспендираниот Обамејанг (видео)

Борусија Дортмунд одигра 1:1 на гостувањето кај Херта Берлин, без суспендираниот Пјер-Емерик Обамејанг, по што од тимот објавија дека неговиот наводен трансфер во Арсенал „воопшто не е завршен“.

Дејви Зелке донесе водство за тимот од германската престолнина на стартот на второто полувреме, пред Шинџи Кагава во 71. минута да израмни за „милионерите“. Со поенот, БВБ се на третото место во Бундеслигата, со 30 поени, дури 14 помалку од лидерот Баерн Минхен.

Во составот на Петер Штегер повторно го немаше Обамејанг, бидејќи по третпат оваа сезона тој е суспендиран поради дисциплински причини, но од Борусија ги отфрлија како „глупости“ шпекулациите дека се чека комплетирање на неговиот трансфер во Арсенал, како замена за Алексис Санчез.

Михаел Цорк, спортскиот директор на Борусија за „Евроспорт“ вели дека воопшто немале контакт со Арсенал.

„Планираме да продолжиме со Пјер-Емерик Обамејанг. Има начин тој да се врати во тимот, но професионализмот е дел од тој пат и тоа вклучува признавање дека сте погрешиле во одредена ситуација. Инаку, нема понуди на маса. Се работи за обични глупости“, изјави Цорк.

Scroll to Top