Top Sport

Дракслер: Многу ср.ња се напишаа за Нејмар

Јулијан Дракслер инсистира дека во Пари Сен-Жермен нема негативно расположени околу Нејмар и покрај многуте новинарски шпекулации дека тој не е задоволен од престојот на „Паркот на принцовите“.

ПСЖ го сруши трансфер-рекордот за да потпише со бразилскиот интернационалец од Барселона плаќајќи 222 милиони евра, и тој оттогаш има 11 гола во 12 натпревари во сите натпреварувања и додаде 9 асистенции. Сепак, француските и другите европски медиуми шпекулираат дека играчите на ПСЖ не се задоволни од однесувањето на Нејмар, посебно Уругваецот Единсон Кавани со кој имаше конфликт околу изведувањето пенали. Дракслер, вели дека нема лоша крв во ПСЖ.

„Нормално е да се пишуваат многу работи за суперѕвезда како Нејмар, но во исто време има толку многу ср.ња. Тој е многу културно и пристојно момче, знае колку е важен за тимот и ОК е да се бараат некои привилегии. Никој во ПСЖ не е лут или љубоморен. Сите сме среќни со него“, вели Дракслер.

Еден со кого дефинитивно Нејмар нема проблеми е Килијан Мбапе, кој дојде од Монако како втор најскап играч (по едногодишната позајмица). Мбапе има 6 гола во 14 натпревари, и Дракслер ќе се судри со 18-годишниот играч во вторник, кога Франција ќе патува во Келн на пријателска со светските шампиони.

„Тој мисли дека Германија има преценет тим. Ќе видиме во вторник“, изјави Дракслер.

Scroll to Top