Top Sport

Емотивниот Рибери на судење со поранешниот агент

Ѕвездата на Баерн Минхен, Франк Рибери се појави во судот во Минхен за да се обиде да се договори со поранешниот агент околу неговиот трансфер во Баварија од Марсеј во 2007 година.

Поранешниот советник на Французинот, Бруно Хајдершајд тврди дека фудбалерот му должи 3.5 милиони евра провизија за трансферот од 25 милиони евра пред една деценија. Агентот тврди дека тие имале устен договор, кој подоцна бил поставен на хартија. Случајот мораше да биде одложен за 16 јануари, откако Хајдершајд не можеше да биде присутен по откажувањето на неговиот лет од Брисел.

Ова не првпат Рибери да оди на суд со Хајдершајд. Агентот во декември 2015 година доби случај пред Апелациониот суд на Луксембург дека напаѓачот треба да плати 1.6 милиони евра за прекинување на договорот.

Рибери неодамна се врати на фудбалските терени по повредата, стартувајќи првпат по два месеци во 3:1 победата над Пари Сен-Жермен во Лигата на шампиони минатата недела.

Scroll to Top