Top Sport

Фановите на Ливерпул би станале муслимани поради Салах (видео)

Фановите на англискиот премиерлигаш, Ливерпул, нормално се воодушевени од својот љубимец Мохамед Салах по неговата блескава форма оваа сезона, по што дури пеат песни дека би станале муслимани поради него.

На ритам на хитот нa Доги „Good enough“, песната на навивачите оди: „Мо Салах, ако е доволно добар за тебе, добар е и за мене. Ако стави уште неколку голови и јас ќе станам во џамија. Тој седи во џамија, таму сакам и јас“.

Египѓанецот Салах има 30 гола оваа сезона, потврдувајќи ја фантастичната форма и на 5:0 победата над Порто во Лигата на шампионите, и останува да се види дали ќе го игнорира повикот на клубовите како Реал Мадрид, кои нормално се заинтересирани за него.

Scroll to Top