Сандерленд успеа да направи драматичен кам-бек на гостувањето кај Бристол сити во англиската втора лига, откако „Црните мачки“ постигнаа три гола во второто полувреме за 3:3 реми.

Откако домаќините поведоа со 3:0 во првите 40 минути, Твитер-акаунтот на Сандерленд објави дека разочараните навивачи кои поминаа над 400 километри да го гледаат својот тим си заминале од стадионот.

„Црвено-белата армија се упати кон излезот на стадионот, и да бидеме искрени не можеме да ги обвиниме“, стоеше на Твитер-акаунтот по вториот гол на Диедиу.

Меѓутоа, работите бргу се сменија. Џош Браунхил си постигна автогол, Ејден Мекгиди и Марлон Пак во судиското надополнување постигнаа голови за 3:3 реми. Твитот бргу беше избришан, и следуваа пофалби за тимот на Крис Колмен.