Top Sport

Фелер: Баерн ако сака ќе го земе Бејли

Спортскиот директор на Баер Леверкузен, легендата на германскиот фудбал Руди Фелер признава дека ќе биде многу тешко да се задржи јамајчанската сензација Леон Бејли, бидејќи моќта на Баерн Минхен во Бундеслигата значи дека тие можат да земат било кој играч сакаат.

Бејли дојде во Леверкузен во јануари 2017 од белгискиот Генк за 13.5 милиони евра и се мачеше да постигне постојаност, со само осум настапи како замена во Бундеслигата. Но, оваа сезона 20-годишниот фудбалер има шест гола и четири асистенции во 14 натпревари во динамичниот напад на „фармацевтите“.

Оваа форма донесе интерес од Челси и Манчестер јунајтед, и Фелер вели дека ако дојде голем тим, тешко дека ќе може да се одбие понудата.

„Во Баер имаме играчи кои побудија голем интерес и кои подолго време се на ‘мета’ на големите тимови. Затоа тоа не не изненадува. Единствен клуб во Германија кој може да каже не на ваквите понуди е Баерн Минхен. Ние и останатите во Бундеслигата мораме да попуштиме. Постојат граници кои не можеме да ги поминеме“, вели Фелер.

Scroll to Top