Бразилскиот фудбалер Фелипе Кутињо доби португалско државјанство и доби можност во Барселона да настапува како играч од Европската унија, а не како странец.

Португалското државјанство кое го доби Бразилецот и ја отвори можноста на Барселона во наредниот преоден рок да донесе засилување надвор од границите на Европската унија, а според последните информации тоа ќе биде 21-годишниот Бразилец Артур од Гремио.

Медиумите во Шпанија пишуваат дека Барселона веќе го договрила трансферот и дека Гремие ќе добие 25 милиони евра.

За потсетување, според правилата во ЛА Лига секој клуб во Шпанија може да ангажира најмногу тројца играчи кои не се државјани на земјите членки на Европската унија. Во Барселона странци се Бразилецот Паулињо и Колумбиецот Јери Мина.

Кутињо доби португалско државјанство бидејќи повеќе од три години е во брачна врска со Португалката Аина.