Top Sport

ФИФА-листа: Скок од 18 места за Македонија

Успешниот финиш на квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во Русија ѝ донесе на македонската фудбалска репрезентација скок од 18 места на најновата ранг-листа која ФИФА ја објави во понеделникот.

Нерешениот резултат во Торино, против Италија (1:1) и триумфот над Лихтенштајн во Струмица (4:0) ја вратија Македонија меѓу најдобрите 100 светски репрезентации. На најновата ФИФА-листа македонската репрезентација се наоѓа на 85.место.

Во европски рамки Македонија е на 38. позиција, односно се наоѓа пред Кипар, Ерменија, Белорусија, Луксембург, Фарските Острови, Грузија, Азербејџан, Латвија, Казахстан, Андора, Литванија, Молдавија, Малта, Косово, Лихтенштајн, Сан Марино и Гибралтар.

На новата ФИФА-листа се случија и неколку промени во Топ 10, каде се врати Шпанија, а испадна Швајцарија, а за првпат меѓу најдобрите десет се најде и репрезентацијата на Перу.

ФИФА-листата ја предводи Германија, а потоа следуваат Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Полска, Франција, Шпанија, Чиле и Перу.

Scroll to Top