Top Sport

Франкфурт го прескокна РБ Лајпциг, фановите против понеделничкиот фудбал (видео)

Ајнтрахт Франкфурт стигна до импресивна 2:1 победа над РБ Лајпциг во меч кој иако беше во сенка на протестот на навивачите за понеделничкиот термин за мечот, на крајот донесе возбудлив натпревар.

Стартот на мечот беше одложен поради протестот на навивачите (кој продолжи во поголемиот дел од мечот), пред Жан-Кевин Аугустин да донесе водство за гостите веќе во 13. минута. Меѓутоа, радоста на гостите траеше кратко, откако прво Тимоти Чендлер израмни во 22. минута, пред Кевин-Принс Боатенг во 26. минута да донесе водство за „орлите“.

Но, возбудите не завршија тука иако тоа беше конечниот резултат. Судијата прво додели пенал за Лајпциг, пред по користењето на ВАР технологијата да им го „одземе“, за на крајот тимот на Нико Ковач да се искачи на третото место во Бундеслигата, пред Лајпциг.

Scroll to Top