Top Sport

Гамеиро и Коста за нова победа на Атлетико (Видео)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја забележаа четвртата последовна победа во Ла Лига, вкупно 16. во сезоната, откако во 24.коло со 2:0 (0:0) го победија Атлетик Билбао.

Атлетико доминираше во дуелот со баскискиот клуб, а отпорот на противникот успеа да го скрши во последните 20 минути. Домашниот тим имаше шест директни удари кон голот на Кепа Аризабалага, додека гостите немаа ниту еден удар во рамките на голот кој го бранеше Јан Облак.

Кевин Гамеиро по асистенцијата на Антоан Гризман го постигна првиот гол во 67.минута, а конечниот резултат го постави Диего Коста на десет минути до крајот на мечот.

Атлетико со оваа победа остана на второто место на табелата со 55 бода, седум помалку од Барселона. Атлетик Билбао во Мадрид ја продолжи лошата серија, Баските немаат победа на последните пет натпревари и со 28 бода се наоѓаат на 14.место во Ла Лига.

Scroll to Top