Top Sport

Гатузо во Милан работи за 120.000 евра

Џенаро Гатузо, тренерот на фудбалерите на Милан, има најмала годишна плата од сите колеги кои ги предводат тимовите во Серија А. Гатузо годишно од Милан добива 120.000 евра, објави „Газета дело Спорт“.

Некогашниот фудбалер на Милан и италијанската репрезентација, минатата есен од младинскиот тим се пресели на клупата на првата екипа но платат му останала иста, 10.000 евра месечно.

Најголема годишна плата од тренерите во Серија А има предводникот на Јувентус, Макс Алегри (7 милиони евра), додека неговиот колега од Интер, Лучано Спалети заработува годишно 4 милиони евра.

Претходникот на Гатузо во Милан, Винченцо Монтела имал годишна плата од 3 милиони евра.

Scroll to Top