Германскиот фудбалски судија Дениз Ајтекин мора да внимава на „шеќерот“ откако вторпат во една недела се послужи со бонбон кој навивачите го фрлиле на теренот.

Минатата недела Ајтекин се послужи со бонбонот од лимун кој беше фрлен во мечот од Германскиот куп меѓу Ајнтрахт и Мајнц, а во неделата уште еднаш доби шанса да направи „блага пауза“ пред дуелот од Бундеслигата меѓу Вердер и Волфсбург.

Ајтекин исто така е „фатен“ на фотографија како зема слатки кои му ги нуди еден навивач при излегувањето од „Весерстадионот“.