Навивачите на Хал Сити на натпреварот со Нотингем Форест (2:3) на уникатен начин го искажаа своето незадоволство од начинот на кој сопственикот Асем Алан го води клубот.

Фановите протестираа против сопственикот пред почетокот на натпреварот, а кога дуелот почна направија нешто што е незабележано во светот на фудбалот. Тие тревникот го затрупаа со топчиња за тенис извикувајќи ја паролата „Сакаме Алам да замине од клубот“.

Поради топчињата за тенис, главниот судија го прекина натпреварот на неколку минути, а потоа тој продолжи без никакви проблеми. Навивачите на Хал Сити својата порака ја испратија во јавноста.

Донеодамна членот на Премиер лигата Хал Сити по 14 рунди во Чемпионшип дивизијата се наоѓа на очајното 17. место со само 16 освоени поени.

Инаку, и покрај барањата на навивачите, Алам нема намера да го продаде клубот.