Top Sport

Гол на сезоната? Голманска „ракета“ од 70 метри (Видео)

Ситуации во кои голманите постигнуваат голови од игра не е честа во фудбалот, па поради тоа она што го направи голманот на шпанскиот второлигаш Луго, Хуан Карлос е навистин а фантастиќни.

Натпреварот од 23.коло помеѓу Луго и Спортинг Хихон заврши со резултат 3:1, а најголемо внимание привлече последниот гол.

Голманот на Луго Хуан Карлос, имењак на поранешниот шпански монарх, постигна гол со прецизен удар од 70 метри.

Хуан Карлос голот го постигна на својот 30. роденден, а неговата „ракета“ сигурно ќе се најде во изборот на најубавите голови за 2018 година.

Scroll to Top