Top Sport

Гол-шоу на „Виљамарин“, Реал победи 5:3 (Видео)

Реал Мадрид победи на „Бенито Виљамарин“ кај Бетис со 5:3 во последниот натпревар од неделната програма во Ла Лига.

Реал го постигна првиот гол во 11.минута, кога Марко Асенсио одбиената топка по удаорт на Роналдо ја смести во мрежата.

Од тој момент Бетис започна да игра, а откако неговите играчи не реализираа неколку шанси, израмнувањето стигна во 34.минута кога Алиса Менди ја реализира асистенцијата на Хоакин.

Три минути подоцна Бетис направи целосен пресврт кога Начо со несмасна реакција го совлада Кејлор Навас.

Нов пресврт на „Бенито Виљамарин“ следуваше во вториот дел. Серхио Рамос израмни во свој стил на 2:2. Потоа Бејл не реализира две добри шанси, а Марко Асенсио во 59.минута со својот втор гол ја врати предноста на Реал.

Кристијано Роналдо во 66.минута го искористи додавањето од Касемиро и зголеми на 4:2. Португалецот го постигна својот 12. гол во Ла Лига.

Нова драма креираше Серхио Леон кој на пет минути до крајот намали на 3:4. Победата на Реал ја потврди Бензема во судиското надополнување на времето.

Scroll to Top