Top Sport

Гризман се извинуваше по „расистичката“ фотографија

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман мораше да се извинува откако постираше фотографија во која е костум на кошаркар, но со зацрнето лице, што според многумина претставуваше расистичка провокација.

27-годишниот Гризман, кој е поврзуван со можен трансфер во Барселона или Манчестер јунајтед, откако имаше само 7 гола од стартот на сезоната, по победата над Алавес од 1:0 во саботата се опушти со посета на тематска забава со мотиви од 1980-тите.

Меѓутоа, наместо опуштање тој доби еден куп лути пораки на социјалните мрежи, по што објаснуваше дека е „фан на Харлем Глобтротерс“ и дека се работи за наивна „посвета“ кон славниот егзибициски кошаркарски тим.

Меѓутоа, на крајот тој го избриша постот и мораше официјално да се извини преку Твитер акаунтот.

Scroll to Top