Top Sport

Гвардиола: Сите ќе не сакаат и почитуваат кога ќе ја освоиме Премиер лигата

Пеп Гвардиола вели дека Манчестер сити ќе бидат „почитувани и сакани“ кога ќе ја освојат Премиер лигата, откако во саботата со 5:1 ги „уништија“ Лестер во саботата навечер.

Серхио Агуеро постигна четири гола во второто полувреме за Сити да се одвојат на 16 поени пред Манчестер јунајтед пред нивниот дуел со Њукасл. Аргентинецот има 28 гола оваа сезона, и Гвардиола е задоволен, посебно бидејќи во последните 11 меча им се потребни само седум победи за сигурна титула.

„Уживавме во последните шест-седум месеци, но за да бидеме сакани и почитувани треба да ја освоиме титулата. Не знам што ќе се случи во иднина, но ако продолжиме вака нема да им биде лесно на нашите ривали. Да се има 72 поени во февруари е навистина добро“, вели Гвардиола.

„Покер“ за Агуеро, Сити како воз преку Лестер (видео)

Scroll to Top