Top Sport

Играчи на ВБА украле такси во Барселона?

Лошата сезона на Вест Бромвич Албион стана уште полоша откако од клубот потврдија дека четири фудбалери се суспендирани поради „инцидентот“ кој се случил на тимското патување во Барселона оваа недела.

Менаџерот Алан Пардју сметаше дека патување на сонцетот во Каталонија ќе им одговара на неговите играчи, но наместо тоа се случил голем инцидент.

Шпанските медиуми објавија дека четири фудбалери прво добро се опиле, по што украле такси паркирано пред хотелот во кој претставувале, за да се возат рано наутро низ центарот на Барселона.

„Клубот може да потврди дека четири играчи беа вклучени во инцидент на патувањето во Шпанија. Клубот ќе направи истрага и ќе ги дисциплинира играчите“, се вели во соопштението на ВБА.

Вест Бром се на последното место во Премиер лигата, со седум поени заостанување и со една победа од преземањето на клубот од Пардју во ноември.

Полицијата од предградието Мосос д’Ескварда го потврдија инцидентот, додека британскиот „Сан“ објави детали од инцидентот.

„Играчите сакаа да отидат до олимпиското пристаниште, но бидејќи беше сред недела, продавниците беа затворени. Потоа сакаа со такси да отидат до ‘Мекдоналдс’, и тогаш го виделе таксито без таксист. Рецепционерот веднаш се јави на полицијата, а фудбалерите тогаш беа однесени во полициската станица. Тие не беа уапсени, но се дел од полициската истрага. Таксито беше земено во 5.30 часот наутро и вратено два и пол часа подоцна“, вели изворот на „Сан“.

Scroll to Top