Top Sport

Икарди го реши возбудливото миланско дерби

Интер стигна до одлична победа во „Дерби дела мадонина“, откако Мауро Икарди комплетираше хет-трик за 3:2 победа над Милан. Во дерби кое привлече рекордер број на фанови на „Сан Сиро“, Интер ја добива големата битка, а Милан сега има три домашни порази и влегува во нова криза.

Во меч со две различни полувремиња, Антонио Кандрева ја погоди пречката и потоа направи асистенција за Икарди да го постигне првиот гол со кој резултат се отиде на полувреме. Во второ полувреме, Патрик Кутроне ја смени играта на „росонерите“, и Сусо постигна одличен гол за израмнување.

Икарди го „фати“ Лукас Биља и по додавањето од Иван Перишиќ ја врати предноста на Интер. Бонавентура по одличното додавање на Рикардо Родригез го совлада Самир Хандановиќ за израмнување, меѓутоа во финишпт на мечот, Родригез го собори Данило Д’Амброзио во шестнаесетникот и Икарди остана смирен од белата точка за Интер да стигне до значајна победа.

Интер сега се на второто место со само два поени зад лидерите Наполи, со кого се „судираат“ веќе следниот викенд.

Scroll to Top