Top Sport

Јаховиќ ја „шокираше“ Галата (видео)

Новото засилување на Коњаспор, македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ постигна гол со глава во 91. минута за на домаќините да им обезбеди 2:2 реми со моќниот Галатасарај во првиот натпревар од четврт-финалето на Турскиот куп.

Јаховиќ, кој за 1.5 милион евра направи трансфер од Гезтепе, влезе во игра во 57. минута, во моменти кога Галатасарај ја надмина негативата од првото полувреме и водеше со 1:2. Со фантастична реакција во финишот на натпреварот, Јаховиќ ги има сите предуслови да стане херој и на навивачите во Коња.

Scroll to Top