Top Sport

Јуве броеше до седум против Сасуоло (Видео)

Фудбалерите на Јувентус го декласираа Сасуоло 7:0 во 23.коло во Серија А и барем на неколку часа се искачија на лидерската позиција на табелата.

Гонзало Игуаин постигна хет-трик, два гола беа дело на Сами Кедира, а по еденаш меѓу стрелците се запишаа Алекс Сандро, кој ја отвори серијата на голови и Миралем Пјаниќ.

Рома во пладневниот термин гостуваше на „Бентегоди“ во Верона и успеа да ги освои бодовите со голот на Ундре посигнат во првата минута.

Милан во Удине водеше од деветтата минута со спектакуларниот гол на Сусо, а Удинезе до бод стигна со автоголот на Донарума во 76.минута.

Домашни победи забележаа Каљари и Аталанта. Каљари со головите на Чигарини и Сау го победи СПАЛ, додека Манчини беше стрелец на единствениот гол помеѓу Аталанта и Киево.

Фиорентина славеше 1:2 на гостувањето во Болоња. Верето и Киеза погодија за „виолетовите“, а голот за Болоња го постигна Пулгар.

Scroll to Top