Top Sport

Кака низ солзи се прости од Орландо

Бразилецот Рикардо Кака (35) ја заврши својата тригодишна авантура во МЛС лигата, во дресот на Орландо.

Екипата на Орландо во последниот натпревар од регуларниот дел на сезоната загуби од Колумбус (0:1), но резултатот остана во сенка на прошталниот меч кој за Орландо го осигура поранешниот освојувач на „Златната топка“.

Кака за Орландо постигна 22 гола на 67 натпревари откако претходно осум години играше за Милан и четири за Реал Мадрид.

„Чувствувам многу емоции, ова е посебен момент за мене. Цел ден го враќав филмот, се потсетував што сè доживеав во овој клуб и овој град во изминатите три години. Денес можам само да им се заблагодарам на клубот и соиграчите. Ќе ми недостигате момци“, порачал Бразилецот.

Иако не успеа да се пласира во плејофот, Кака заминува од Орландо со прекрасни спомени.

„Имаше многу големи моменти, првиот натпревар во сезоната кога го отворивме новиот стадион…Имаше толку убави моменти со кои се соочија овој клуб и оваа заедница. Бев дел од сето тоа, за мене ова беше една неверојатна авантура“, дополнил Кака. н.ц.

Scroll to Top