Top Sport

Капитенот на Палас, Панчон обвинет за напад

Капитенот на Кристал Палас, Џејсон Панчон беше уапсен и обвинет за напад и поседување на оружје во неделата по инцидент во Сареј во близината на Лондон.

Според „Сан“, 31-годишниот Панчон бил вмешан во тепачка на две жени во ноќниот клуб „Мишико“, по што бил задржан една вечер во притвор, пред да биде пуште на слобода.

„Џејсон Панчон е обвинет со провоцирање на насилство, поседување на оружје и обичен напад. Тој е пуштен со кауција и треба да се појави на суд на 5 јануари“, се вели во соопштението на полицијата.

Панчон имаше 11 настапи за Палас оваа сезона, но одигра само 20 минути во Премиер лигата од септември откако двапати влезе како замена. Тој не беше присутен во првиот гостински триумф на Кристал Палас против Лестер сити во саботата поради болест.

Панчон дојде во лондонскиот клуб од Саутемптон во 2014, но за него нема место во тимот по доаѓањето на Рој Хоџсон како менаџер.

Scroll to Top