Top Sport

Кејн го спаси Тотенхем против Њупорт

Фудбалерите на Тотенхем ќе мора да играат уште еден натпревар во рамките на 1/16 на ФА купот откако не успеаја да го победата членот на Лига 2 (четврта лига) Њупорт.

Њупорт беше на чекор до сензација, а Тотенхем од срам го спаси Хари Кејн. Амодо во 38.минута му донесе предност на Њупорт, кој во Лига 2 се наоѓа на деветтатата позиција. Конечните 1:1 ги постави Кејн во 82.минута.

Од премиерлигашите 1/16 финалето не успеа да го мине Вест Хем јунајтед. Виган кој е член на Лига 1 со двата гола Григ го победи Вест Хем 2:0.

Резултати:

Хал-Нотингем форест 2:1
Мидлзброу-Брајтон 0:1
МД Донс-Ковентри 0:1
Шефилд јунајтед-Престон 1:0
Саутемптон-Вотфорд 1:0
Виган-Вест Хем 2:0
Питерборо-Лестер 1:5
Хадерсфилд-Бирмингем 1:1
Милвол-Рочдејл 2.2
Нотс Каунти-Свонси 1:1

Scroll to Top