Top Sport

Кејн руши рекорди и во Лигата на шампионите

Хари Кејн пред две недели стана најмладиот фудбалер кој стигнал до бројката од 100 гола во Премиер лигата, претходно сруши многу индивидуални рекорди во англискиот шампионат, а од синиќа е сопственик и на рекорд во Лигата на шампионите.

Кејн, синоќа против Јувентус го постигна првиот гол за својот тим и го намали резултатот во тој момент на 2:1. Овој гол беше седми за него сезонава во Лигата на шамионите, а вкупни девети во исто толку одиграни натпревари во елитното натпреварување.

Кејн го има најдобриот индивидуален старт во Лигата на шампионите, тој зад себе ги остави Роналдињо, Дидие Дрогба, Диего Коста и Симоне Инзаги. Овие фудбалери постигнале осум гола на првите девет натпревари во Лигата на шампионите.

Хари Кејн од почетокот на сезоната има одиграно 34 натпревари на кои постигнато 33 гола.

Scroll to Top