Top Sport

Кејн во аут шест недели, неизвесен и за Мундијалот?

Најдобриот стрелец во Премиер лигата, Хери Кејн ги има повредено лигаментите на скочниот зглоб третпат во последните 18 месеци, по што го очекува пауза од шест недели, а неизвесно е дали ќе биде подготвен за Светското првенство во Русија.

Асот на Тотенхем се повреди во мечот против Бурнемаут во неделата и клубот верува дека повредата е посериозна и наликува на таа од септември 2016, кога пропушти седум недели, јавува британскиот „Дејли мирор“.

Со оваа прогноза тој ќе биде во аут до крајот на април, и ќе има малку време да се врати во форма пред Светското првенство во Русија. Покрај настапите за Тотенхем, тој ќе ги пропушти подготвителните дуели со Холандија и Италија.

Фото: ЕПА

Scroll to Top