Top Sport

Келн со победа во дербито во последните секунди (видео)

Рајнското дерби меѓу Келн и Борусија Менхенгладбах им припадна на домаќините, откако Симон Тероде со гол со глава во последната минута од натпреварот им донесе триумф и три поени на „јарците“.

Борусија го стартуваше мечот на шестото место, со 22 поени повеќе од своите ривали и беа блиску до водство на стартот на мечот преку Ларс Штиндл и Криштоф Крамер. Келн ги казни овие грешки кога Данецот Соренсен го искористи слободниот удар на Милош Јојиќ да донесе водство на тимот на Штефан Рутенбек.

Тренерот на Менхенгладбах, Дитер Хекинг одговори со пуштање на Рафаел во игра, откако во вториот обид успеа да израмни на 1:1. Двата тима имаа шанси да ги освојат поените во последните минути со двете шанси на Јонас Хофман за Гладбах, пред Тероде да донесе славна победа.

Scroll to Top