Top Sport

Клоп призна дека ги одбил Јунајтед пред да потпише со Ливерпул

Јирген Клоп тврди дека одбил шанса да биде наследник на Дејвид Мојс на местото тренер на Манчестер јунајтед во 2014 година, пред да биде именуван за тренер на Ливерпул.

Германскиот тренер стана херој на навивачите на „Енфилд“ по доаѓањето во октомври 2015 година, четири месеци откако си замина од Борусија Дортмунд. 50-годишниот Клоп го замени Брендан Роџерс во Ливерпул.

Дека Јунајтед му понудиле работа на Клоп долго време се шпекулираше, а сега во интервју за „Скај спортс“, Клоп вели дека тие разговарале со него пред да почнат да работат со Луис ван Гал.

„Да, постоеше интерес од Манчестер јунајтед. Тие беа заинтересирани година, година и пол, но тоа не ми носеше вистинско чувство. Не можев да кажам дека Манчестер јунајтед е мој клуб“, изјави Клоп во изјава која сигурно ќе ги израдува навивачите на „Црвените“.

Тој вели дека планирал да направи пауза по слабата последна сезона со Дортмунд, но дека „романтиката“ го натерала да ја прифати понудата на Ливерпул.

„Да, јас сум фудбалски романтик. Имам самодоверба, но не толку како другите тренери, и не мислам, сега ќе ми се јави тој клуб. Многу клубови ме контактираа, но им кажав на сите дека ми треба одмор. Но, и мојата сопруга знаеше дека ако Ливерпул се јави, одам“, додава Клоп.

Scroll to Top