Top Sport

Кварезма уште има „магија“ во нозете (видео)

Бешикташ ги совлада Османлиспор со 5:1 во неделата попладне, откако Рајан Бабел постигна хет-трик за 20 минути, но потегот на денот сигурно го направи португалскиот ветеран Рикардо Кварезма.

34-годишниот Кварезма беше најавуван како нова фудбалска ѕвезда на почетокот на 2000-тите, во тимот на Барселона, но оттаму замина откако одби да игра за Блауграна додека Франк Рајкард е тренер. По ова следуваше кратко враќање во Порто во Португалија, пред во 2008 година да дојде во Интер. Ниту таму не помина најдобро и ја доби наградата „Бидоне д’оро“, за најлош фудбалер во Серија А за 2008 година.

Од 2010 година, тој ужива во Бешикташ, со кратка пауза во Порто.

Сепак, нема сомнеж дека малкумина го можат ова.

Од поблиску:
Scroll to Top