Top Sport

„Лос че“ го доби дербито на Валенсија (видео)

Валенсија со 3:1 го совлада тимот на Леванте во градското дерби во Ла лига за да ги помине Реал Мадрид на третото место на табелата.

„Лос че“ дојдоа во водство по 17 минути преку Санти Мина, но гостите израмнија во следната минута преку Серхио Постига. Во второто полувреме, Валенсија прво преку Лучијано Вието во 65. минута, а потоа преку Даниел Парехо во 89. минута од пенал ја обезбеди победата со која имаат 43 поени, еден повеќе од Реал Мадрид (кои имаат и натпревар помалку).

Македонскиот репрезентативец Енис Барди доби шанса да влезе во 72. минута од мечот за Леванте на местото на Дукуре. Леванте по добриот старт на сезоната во моментов е на 17. место со 20 поени, само два повеќе од зоната за испаѓање.

Scroll to Top