Top Sport

Марез бара гаранции дека ќе биде продаден

Ријад Марез е во штрајк, една недела го нема на тренинзите на Лестер, не играше минатата недела против Евертон, а потоа и Свонси, а бидејќи не е во тренашен процес нема д абиде во тимот и викендов против лидерот во Премиер лигата, Манчестер Сити, клуб поради кој стапи во штрајк.

Марез во финишот на јануарскиот преоден рок беше пред трансфер во Сити, но Лестер не ја прифати понудата од 60 милиони евра за Алжирецот. „Лисиците“ бара 30 милиони повеќе за најдобриот играч во Премиер лигата од шампионската сезона.

Откако му пропадна трансферот Марез штрајкува, а клубот го казни со 200.000 фунти, односно со две негови неделни плати.

Дали ќе се врати во тимот е прашање за сите во лестер, но како што пренесуваат медиумите Марез ги исвестил челниците под кои услови би го прекинал штрајкот.

Алжирецот бара писмени гаранции дека во летниот преоден рок ќе биде продаден во Манчестер Сити, бидејќи од Пеп Гвардиола дека „граѓаните“ по завршувањето на сезоната повторно ќе го контактираат Лестер.

Во целата сапуница околу Марез се вклучи и Асоцијацијата на професионални фудбалери, откаде понудиле да бидат медијатор во преговорите.

Scroll to Top