Top Sport

Марез: Пријателите зборуваа невистини за мене

Ријад Марез последниот ден од преодниот рок очекуваше трансфер во Манчестер Сити, но Лестер одиби две понуди и од „грашаните“ бараше 100 милиони евра. Сити не сакаше да плати толку пари за трансферот, Алжирецот остана на „Кинг Пауер“, но речиси две недели не се појавуваше на тренинзите, поради што клубот го казни со 200.000 евра.

Марез штрајкот и молкот го прекина во саботата, тој беше во тимот на Лестер во дуелот со својот несуден работодавач Манчестер Сити.

„Граѓните“ издоминираа на дуелот славеа со 5:1, а четири гола постигна Кун Агуеро.

„Изминатите десет дена многу луѓе кои ги сметам за пријатели зборуваа за мене, за работи за кои не знаат ништо. Би сакал да кажам дека сите тие шпекулации за моето непојавување на тренинзите се невистина. Лестер цело време знаеше каде сум и како размислувам. Бев дел од тимот кој оставри големи успеси, кој влезе во Премиер лигата, а потоа ја освои титуата“, рекол Марез.

„Мојате цел секогаш е иста, секогаш сум давал 100 отсто кога играм за клубот, за навивачите, за своите соиграчи. Тие цели се исти и денес, исти ќе бидат и во иднна“, дополнил Марез.

Тренерот Клод Пуел рекол дека имало тешки ситуации во клубот, но дека сега работите се појасни и дека по целата оваа ситуација Марез ќе се врати уште посилен.

Scroll to Top