Top Sport

Меси: Ова е можеби последно СП за оваа генерација

Светското првенство во Русија веројатно е последната шанса за Лионел Меси да освои трофеј со репрезентацијата на Аргентина. Во клупскиот фудбал Меси со Брселона ги има освоено сите трофеи, но кога станува збор за репрезентацијата тука исходот е поинаков. Три пати играл големо финале со Аргентина и никогаше не освоил трофеј. На мундијалот во Бразил Аргентина го загуби финалето од Германија, а исто така Меси и соиграчите беа поразени од Чиле во последните две финалиња на Копа Америка.

Поради ова многумина сметатат дека Меси не може да биде поголем од сонародникот Марадона и Бразилците Пеле и Роналдо.

„Кога ќе го освои мундијалот со Аргентина, тогаш може да влезе во конкуренција за најдобар на сите времиња“, велат најчесто критичарите на Меси.

„разбрав дека многу луѓе сакаат да го освојам Светсктоо првенство и морам да признаам дека тоа ме изненади. Ми се чини дека луѓето не сакаат Аргентина да стане светски првак, колку што сакаат јас да го освојам мундијалот. Тоа навистина е убаво“, рекол Меси во пресрет на пријателските натпревари со Италија и Шпанија.

Бројни медиуми, најмногу во Аргентина и Шпанија, пишуваат дека Светското првенство во Русија ќе биде последно за Меси, односно каков и да биде резултатот на мундијалот дека тој ќе се повлече од националниот тим.

„Имам чувство дека поголем дел од играчите нема да бидат заедно по СП во Русија. Очигледно дека тие три финалиња што ги играше оваа генерација не значат ништо и дека нашиот имиџ зависи исклучиво од титулите. Претпоставувам дека навивачите и новинарите ќе побараат да половина од играчите да се простат од репрезентацијата доколку не го оствариме очекуваниот резултат. Можеби за голем дел од фудбалерите ова е последно големо натпреварување“, рекол Меси.

Аргентина на Сп е во група со Хрватска, Исланд и Нигерија.

Scroll to Top