Top Sport

Милевски од корен ќе ги менува работите во У-21 репрезентацијата

Благоја Милевски, селекторот на репрезентацијата до 21 година, по поразот од Австрија најави коренити промени во тимот. Македонија, во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство, попладнево во Скопје беше декласирана од Австрија 0:4 (0:3).

Милевски како и по поразот од Гибралтар ја прифати одговорноста за резултатот и најави промени во репрезентацијата.

„Ќе има големи промени, од март ќе започнеме со селектирање на нови фудбалери, а тоа значи дека ќе започнеме со подготовки за наредниот квалификациски циклус. Очигледно е дека повеќето од овоие фудбалери не можат да одговорат на барањата и да се носат со предизвикот“, рече селекторот Милевски.

Следниот квалификациски меч македонската У-21 репрезентацја ќе го одигра наредната година против Русија.

Scroll to Top