Top Sport

Минимална победа на Милан (Видео)

Милан во 25.коло, во Серија А, ја совлада Сампдорија 1:0 и со ривалот се израмни според број на освоените бодови. Двете екипи со 41 бод го делат шесттото место на табелата.

Сзтрелец на единствениот гол на „Сан Сиро“ беше Џакомо Бонавентура во 13.минута. Шест минути пред голот Милан можеше да дојде до предност но Ригардо Родригез не реализира пенал.

Милан под водство на Џенаро Гатузо има серија од седум натпревари без пораз, додека Сампдорија ја прекина низата од пет успешни резултати во Серија А.

Scroll to Top