Top Sport

Монтела: Ако Италија ме повика си заминувам

Винченцо Монтела дојде во Андалузија во декември, но веќе признава дека доколку добие понуда да стане италијански селектор, без проблеми ќе си замине од Севилја.

По блескавата елиминација на Манчестер јунајтед во осминафиналето на Лигата на шампионите, Севилја доживеа пораз од Леганес, а сега Монтела јавно „флертува“ со Италијанската фудбалска федерација.

„Се чувствувам добро во Севилја и имам уште една година договор. Дали би заминал за да одам во Јувентус? Не, дефинитивно не. Тие имаат добар тренер и Алегри ќе биде тука подолго време. Дали би бил селектор на Италија? Тоа е сон за секој тренер и навистина не знам што би се случило ако ме изберат“, вели Монтела.

И покрај успехот во Европа, учинокот на Монтела во Шпанија не е најдобар – тој освои 16 од можни 36 поени откако го презеде местото од Едуардо Берисо на крајот на 2017 година.

Севилја веќе има искуство со тренери кои „бегаат“ да станат селектори. Хорхе Сампаоли имаше двегодишен договор со клубот од „Санчез Писхуан“, но си замина по една година откако Аргентина ја отплати неговата откупна клаузула за да го постават како селектор на репрезентацијата.

Scroll to Top