Top Sport

Монтела: Како да го сопреме Санчез? Ќе го врземе!

Тренерот на Севилја, Винченцо Монтела вели дека може да преземе „неочекувани“ мерки за да ја неутрализира опасност на Алексис Санчез кога неговиот тим ќе се судри со Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите во среда.

„Манчестер имаат фантастични играчи, а Санчез многу е подобрен од стартот на кариерата, бидејќи се сеќавам кога играше со Удинезе. Како ќе го сопреме? Не знам. Можеби ќе треба да го врземе“, вели Монтела.

Уште еден играч кој поранешниот тренер на Милан го познава добро од Серија А е Пол Погба, иако не е сигурно дали поранешниот плејмејкер на Јувентус ќе стартува на првиот меч на „Рамон Санчез Писхуан“.

„Погба е целосен играч, силен, технички и постигнува голови. Фантастичен е. Тој беше најскапиот играч пред Нејмар, така што тоа кажува сè. Се надевам дека нема да игра“, вели Монтела.

Scroll to Top