Top Sport

На Буфон не би му пречело да замине од Јуве

Џанлуиџи Буфон вели дека не би имал проблем да си замине од Јувентус по 17 години во тимот, доколку треба да замине за да ја продолжи кариерата.

Се очекуваше 40-годишниот ветеран да се повлече по крајот на сезоната 2017/18, откако оствари речиси сè во клупскиот и интернационалниот фудбал, но сега јасно е дека тој се премислува и сака да продолжи, а доколку нема место во Јуве тој ќе побара друг тим.

„Нема да биде проблем. Се случи двапати во минатото кога заминав и веќе не чувствував дека сакам да играм за клубот. За среќа, работите се сменија и останав во Торино“, вели Буфон за „Канале 5“.

Ако навистина замине, тој ќе има со што да се пофали во клубот, но вели дека преговорите ќе почекаат до летото.

„Не можам да давам нереални очекувања или да лажам. Вистината е дека има џентлменски договор со претседателот Андреа Ањели и пред крајот на сезоната ќе се сретнеме. Кога ќе се случи тоа ќе ја направам одлуката. Мислам дека фудбалерот никогаш не би престанал со играње фудбал“, вели Буфон.

Scroll to Top