Top Sport

Најскап африкански фудбалер е… Бакамбу? (видео)

Седрик Бакамбу стана најскапиот африкански фудбалер во историјата по потписот со тимот од Кинеската супер лига, Пекинг Гуоан.

26-годишниот репрезентативец на ДР Конго, постигна 46 голови во последните двеипол сезони во Вилјареал, по што кинескиот тим ја активираше клаузулата во неговиот договор од 44 милиони евра, а покрај тоа, кинескиот тим ќе плати дополнителни 33 милиони евра во данок во Кина, откако неодамна кинеската влада реши да ги оданочи скапо ваквите трансфери.

Со трансферот од 74 милиони евра (без платата од 18 милиони евра), Бакамбу ќе го помине Мохамед Салах (38.7 милиони евра) како најскап фудбалер од континентот. Бакамбу ќе биде поскап и од Наби Кеита, кој на лето треба да пристигне од РБ Лајпциг во Ливерпул за 64 милиони евра.

Бакамбу е вкупно 13-тиот најскап фудбалер во историјата.

Scroll to Top