Top Sport

Наполи ја задржа лидерската позиција (Видео)

Наполи му одговори на Јувентус и со победа ја задржа лидерската позиција во Серија А и по 25.коло. Наполитанците на домашен терен потешко од прогнозите го победија СПАЛ 1:0. Претходно со ист резултат Јувентус во градското дерби го победи Торино.

Наполи го победи аутсајдерот СПАЛ со голот што Бразилецот Алан го постигна во шесттата минута од натпреварот.

Преостанатите две средби беа решени во последните минути. Последнопласираниот Беневенто со 3:2 го победи Кротоне. Голот за победа го постигна Дијабате во 89.минута. Беневенти го забележа тритиот триумф во Серија А и го освои 10.бод.

Пулгар постигна гол во 88.минута со кој Болоња успеа да го совлада Сасуоло 2:1. Болоња е 13. на табелата со 30 бода, додека Сасуоло е три места подоло со 23 бода.

Scroll to Top