Top Sport

Навивачите на Олимпијакос ги нападнале играчите на АЕК (Видео)

Вистински хаос предизвикаа навивачите на Олимпијакос во финишот на градското дерби со АЕК. На стадионот „Караискакис“ хулиганите на домашниот тим с еобиделе да се пресметаат со гостинските фудбалери.

АЕК во драматичен финиш успеа да победи со 2:1, откако во периодот од 87. до 94.минута играчите на овој тим постигнаа два гола.

Иранецот Ансарифад во 81.минута постигна гол за Олимпијакос и делирирум на домашните фанови, а но АЕК најпрвин израмни преку Украинецот Чигрински во 87.минута, а седум минути подоцна Јакумакис го комплетираше пресвртот.

По тој гол околу 50 хулигани на Олимпијакос влетале на теренот за да се пресметаат со играчите на АЕК. Тие со факели и столчиња влетале на теренот.

Според локалните медиуми полицијата спречила да се случи тежок инцидент.

Олимпијакос сезонава игра во лоша форма и по 20 кола во Суперлигата се наиѓа на третото место со 42 бода, два помалку од АЕК и четири бода помалку од лидерот ПАОК.

Scroll to Top