Top Sport

Нема Меси, нема победа – Нигерија ја „смачка“ Аргентина (видео)

Лионел Меси се врати во Барселона и си играше на плејстејшн со неговиот син. Неговата Аргентина, во вториот тест-меч во Русија, водеше со 2:0 против Нигерија, и доби вистинска лекција по модерен фудбал губејќи го мечот со 4:2.

Меси играше во првиот пријателски меч против Русија на новиот „Лужники“ во Москва, кој Аргентинците го добија со 1:0, но реши да замине дома за дуелот во Краснодар против африканската селекција.

Првото полувреме изгледаше одлично за „Албиселесте“, откако прво Евер Банега, а потоа и Серхио Агуеро постигнаа голови за водство од 2:0. Но, од 52. минута, на теренот како да имаше само една репрезентација и таа носеше зелени дресови.

Младиот играч за врска на Арсенал, Алекс Ивоби постигна два гола, Иводу и Кајове додадоа уште еден за славна победа на африкански „Супер орли“.

За селекторот Хорхе Сампаоли и за целиот аргентински состав ова е само уште едно предупредување дека без Меси тоа е сосема поинаква репрезентација. Токму Меси ги „спаси“ Аргентинците со хет-трик во последниот квалификациски натпревар против Еквадор за да го фатат „последниот воз“ за Русија, така што Аргентина ќе мора да се надева дека нивниот најдобар фудбалер ќе биде во добра форма следното лето. И, исто така да се надеваат дека Нигерија нема да им се падне во нивната група.

Scroll to Top