Top Sport

Нова мизерија за Лаказет – во аут барем шест недели

Арсенал потврди дека нивниот француски напаѓач Александер Лаказет ќе паузира најмалку шест недели откако беше на операција на левото колено.

Лаказет беше донесен како големо засилување за Арсенал во текот на летниот преоден рок, но сега го загуби местото во тимот од Пјер-Емерик Обамејанг, иако ќе беше важна опција во нападот на „топчиите“ во Лигата на Европа. Лаказет дури се поврзуваше со заминување од Арсенал на крајот на сезоната.

Арсенал ги продадоа Оливие Жиру, Тео Волкот и Алексис Санчез и немаат многу опции во нападот, така што Дени Велбек може да добие ретка шанса да биде во тимот на Венгер, иако тој претходно најавуваше дека Лигата на Европа не е приоритет на клубот.

Арсенал игра со шведскиот аутсајдер Остерсундс во четврток, и токму преку Лигата на Европа може да обезбеди место назад во Лигата на шампиони.

Лаказет и Арсенал ќе се разделат на лето?

Scroll to Top