Top Sport

„Оригиналниот“ Роналдо верува дека Нејмар ќе има „Златна топка“

Легендата на бразилскиот фудбал, Роналдо вели дека неговиот сонародник Нејмар може да ја освои „Златната топка“ како најдобар фудбалер и со Пари Сен-Жермен по шпекулациите за можен трансфер во Реал Мадрид.

Зборувајќи на забавата за 26-тиот роденден за Нејмар, Роналдо, кој имаше 127 меча за Реал, но не освои шпанска титула, вели дека ПСЖ е доволно голем тим за Нејмар да може да оствари неверојатни работи.

„Тој има сè што е потребно да ја земе ‘Златната топка’ во Париз. ПСЖ е еден од клубовите за кои сакав да играм. Дојдов многу пати во Париз, така што делумно се чувствувам како парижанец, но немав шанса како Нејмар“, вели Роналдо.

Scroll to Top