Top Sport

Остерсундс сака да го „смрзне“ Арсенал

На Арсенал во нокаут фазата во Лигата на Европа му престои гостување во студената Шведска, кај едно од најголемите изненадувања во европскиот фудбал, Остерсундс, и тие веќе се пофалија со своите нови „соблекувални“.

Приказната за неверојатниот раст на клубот основан во 1996 година (неколку недели пред Арсен Венгер да стане тренер на Арсенал), можете да ја прочитате подолу во линкот, од времето кога тие ја направија сензацијата со пласман во осминафиналето откако пред неколку години играа во шведската четврта лига.

Се очекува температурите во Шведска да се -10 степени, што ќе биде вистински зимски тест за „топчиите“.

„Ние сме подготвени за вас, Арсенал. Дали ви ги покажавме нашите соблекувални?“, напишаа од Остерсундс на Твитер.

Така се гради тим – Остерсундс од четврта лига до нокаут фаза во ЛЕ

Scroll to Top