Top Sport

Покетино: Само под еден услов Реал може да го добие Кејн

Менаџерот на Тотенхем Маурицио Покетино е свесен дека најдобриот стрелец на тимот Хари Кејн можеби нема целата кариера да ја мине во Лондон.

Напаѓачот на Тотенхем изјави дека би сакал целата кариера да ја мине во овој клуб, во кој засега ја игра најдобрата сезона во кариерата.

Во минатото Герет Бејл и Лука Модриќ беа клучни за играта на Тотенхем, но кога Реал испрати понуда двајцата ја прифатија.

„Како менаџер на Тотенхем можам да кажам дека нема да продаваме доколку Реал излезе со понуда. Тој ќе остане тука и тоа мора сите да го разберат“, рекол Покетино во интервју за „Ел Чирингито“.

Реал или некој друг клуб би можел да го откупи договорот на Кејн само под еден услов.

„Доколку играчот самиот побара да си оди, како то тоа го направија Бејл и Модиќ…тогаш ќе видиме што ќе се случи. Засега тоа се нема случено. Се надевам дека Хари Кејн ќе остане тука уште многу години и дека ќе ни донесе многу голови, победи и тиутла. Тоа е она што ние го сакаме“, дополнил Покетино.

Хари Кејн во моментов ја предводи Премиер лигата со 18 гола.

Scroll to Top