Top Sport

И покрај непризнаениот гол, Барса лесно со Ла Коруња (видео)

Лионел Меси не беше прецизен од белата точка и не успеа да се запише во листата на стрелците, но Барселона стигна до рутинска 4:0 победа над Депортиво Ла Коруња за Блауграна да ја задржи предноста во Ла лига на осум поени пред Атлетико Мадрид.

Во последниот меч пред Ел класико следниот викенд, Луис Суарез постигна два гола, а Паулињо додаде уште два за Каталонците да „летаат“ високо пред гостувањето на „Бернабеу“.

Мечот повторно беше одбележан со еден поништен гол, кога на Луис Суарез не му беше доделен гол иако топката очигледно ја мина белата линија. Шпанската лига најави воведување на електронското помагало за судиите (ВАР) од следната сезона, но прашање е колку коментари ќе има доколку вакво нешто се случи во дуелот со Реал Мадрид следната недела.


Нерешено за Валенсија и Барса, поништен чист гол на Меси (видео)  

Scroll to Top