Top Sport

Правнукот постигна идентичен гол за Феенорд 80 години подоцна (видео)

Во неделата, 18-годишниот напаѓач на Феенорд, Дилан Фенте го постигна својот деби гол за тимот од холандската Ередивисие, повторувајќи го успехот на својот предок, Лен Фенте од пред точно 80 години!

Фенте го постигна вториот гол во импресивната 7:0 победа над локалните ривал Спарта Ротердам во својот петти настап за сениорскиот тим. Лен Фенте, братот на дедото на Дилан, имаше речиси идентичен гол на отварањето на стадионот „Де Кујп“ во март 1937, кога со 5:2 го победија белгискиот тим Бершот Вилрајк.

Лен Фенте, кој исто така беше напаѓач, помина четири успешни сезони во Феенорд од 1936 до 1940 година, постигнувајќи 65 гола во 82 настапи. Крвта дефинитивно не е вода!

Scroll to Top