Top Sport

Претседателот на ПАОК шета со пиштол по теренот (Видео)

Дербито во грчката Суперлига помеѓу ПАОК и АЕК не го дочека крајот, откако во финишот на домашниот тим му беше поништен гол за водство 1:0.

Потоа на стадионот Тумба во Солун настана вистински хаос. Играчите и навивачите на ПАОК протестираа поради поништениот гол, кога се случи неверојатна сцена.

На теренот, во обид да се пресмета со судиите влезе претседателот на ПАОК, Иван Савидис, кој на појасот носел и пиштол.

Натпреварот е прекинат се очекува конечниот епилог, но сега веројатно Дисциплинската комисија нема да му прости на тимот од Солун, откако во неделата наутро ја прифати неговата жалба и му ги врати трите бода што му беа одземени поради инцидентите пред почетокот на дуелот со Олимпијакос.

Scroll to Top